Македонија

АПАСИЕВ СО ПРОЗИВКА ДО ВМРО-ДПМНЕ: Во Струга гласавте за Ќира против Мојсоска, сега не плачете за Брвеница

АПАСИЕВ СО ПРОЗИВКА ДО ВМРО-ДПМНЕ: Во Струга гласавте за Ќира против Мојсоска, сега не плачете за Брвеница

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, упати прозивка до ВМРО-ДПМНЕ по изборниот пораз на нивниот кандидат во Брвеница. Тој на Фејсбук напиша дека членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ сега се жалат за резултатот во Брвеница, иако на претходните локални избори во Струга гласале за Менди Ќира, против кандидатката на Левица, Јована Мојсоска.

Апасиев посочи дека слична ситуација имало и во Тетово, каде што, според него, симпатизерите на владејачката партија гласале за Биљал Касами, против кандидатката на Левица, Катка Божиновска. Тој додаде дека слично се случило и во Гостивар. Осврнувајќи се на вчерашниот втор круг во Брвеница, Апасиев напиша дека ВРЕДИ повторно го победила ВМРО-ДПМНЕ.

Неговата објава доаѓа по реакциите од ВМРО-ДПМНЕ за изборниот исход во Брвеница. Конкретно, пратеничката Дафина Стојаноска зборуваше против Левица синоќа.

Стојаноска: ВЛЕН одигра во корист на ДУИ, исто како и СДС и Левица