Магазин

ПО НЕКОЛКУ ГОДИНИ ПАУЗА СЕ ВРАЌА „СКОПЈЕ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ“: Од 4. ноември богата филмска програма и средби со автори

ПО НЕКОЛКУ ГОДИНИ ПАУЗА СЕ ВРАЌА „СКОПЈЕ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ“: Од 4. ноември богата филмска програма и средби со автори

„Скопје филм фестивал“ конечно се враќа во главниот град, а неговото 26. издание ќе се одржи од 4 до 9 ноември. Фестивалот ќе донесе 12 долгометражни филмови, средби со автори и гости, како и едукативна програма за младите. Свеченото отворање ќе биде со филмот „Идиоти(и)“, во режија на полските режисери Малгоржата Шумовска и Михал Енглерт, во кој главните улоги ги толкуваат Ејми Лу Вуд, Џони Флин, Вики Крипс и Кристијан Фридел. На двајцата режисери ќе им биде доделена наградата „Златна скополија“ за исклучителен придонес кон светската кинематографија.

На вториот фестивалски ден ќе биде прикажана македонската премиера на филмот „17“ на Косара Митиќ, во Македонскиот народен театар, додека од наредниот ден проекциите продолжуваат во Младинскиот културен центар, во киното „Фросина“. За селекцијата на филмовите се погрижи Благоја Куновски-Доре заедно со уште неколку члена. Покрај проекциите, фестивалот ќе понуди средби со авторите и гостите. Во рамките на фестивалот Скопје филм фестивал ќе биде претставена и „А1 кинотека“, проект посветен на дигиталната реставрација на филмови и зачувувањето на филмското наследство. Под покровителство на градоначалникот на Град Скопје и во партнерство со А1 Македонија, „Скопје филм фестивал“ има амбиција да се развива во една од значајните филмски и културни манифестации во регионот.