Економија

Славески: Повеќе од доволни се 10.000 денари неделно од Алта банка Битола, тоа е според просечната месечна плата

Славески: Повеќе од доволни се 10.000 денари неделно од Алта банка Битола, тоа е според просечната месечна плата

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, смета дека ограничувањето за повлекување по 10.000 денари неделно од банкоматите на Алта банка Битола е повеќе од доволно за граѓаните. Во гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, тој објасни дека износот е определен според критериумите за просечната месечна плата и просечната пензија. Славески посочи дека во текот на ноември граѓаните ќе имаат пет можности да повлечат по 10.000 денари, односно вкупно 50.000 денари. Тој ги повика граѓаните да бидат трпеливи и да имаат доверба во институциите, нагласувајќи дека средствата и понатаму се на нивните сметки.

АЛТА БАНКА БИТОЛА МОЖЕ ДА ДОБИЕ НОВ СОПСТВЕНИК: Се разгледува преземање од домашна банкарска институција

Според него, ограничувањето е привремено, а периодот од три месеци е максималниот рок за надминување на состојбата. Славески информираше и дека сопственикот на банката има рок од три дена да ги понуди акциите на продажба, по што, доколку тоа не се случи, Народната банка ќе организира аукција. Дополнително, најави отворање посебни шалтери на кои пензионерите без дебитни картички ќе можат да повлекуваат до 20.000 денари.