Дознај прв
ЛУКА ДОНЧИЌ ИСПИША ИСТОРИЈА ВО НБА: Го надмина Џордан и Чемберлен со неверојатен рекорд
Лука Дончиќ продолжува со неверојатни настапи за Лејкерс, поставувајќи НБА-достигнување какво што не е видено од 1963 година.

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ продолжува да испишува историја во НБА-лигата. Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс постигна 38,5 поени во просек, со што оствари достигнување какво што не е видено од 1963 година и времето на Вилт Чемберлен. Дончиќ блескаше и во победата на Лејкерс над Сакраменто со 116:103, натпревар на кој повторно беше првото офанзивно оружје на својот тим.
Дончиќ доминира и кога тимот има други опции
Иако Сакраменто пропушти можност да го избере Дончиќ на драфтот, словенечкиот кошаркар повторно покажа зошто е меѓу главните кандидати за МВП-наградата. На последниот натпревар постигна 40 поени, имаше девет скока и седум асистенции, а играта на Лејкерс изгледаше значително подобро отколку минатата сезона. Дончиќ беше постојано вклучен во играта, создаваше шанси за соиграчите и го предводеше нападот на тимот.
Рекорд каков што НБА не видела повеќе од шест децении
Дончиќ стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој во шест последователни натпревари остварил повеќе од 35 поени, пет скока, пет асистенции и пет погодени тројки. Воедно, никој досега не ги достигнал неговите бројки од над 300 поени и 50 асистенции во една НБА-сезона побрзо од него. Словенецот продолжува со настапи кои го сместуваат меѓу најдоминантните кошаркари на почетокот на сезоната.
Most PPG over a player’s first 8 games of a season, NBA history:
Wilt Chamberlain – 52.3 (1962-63)
Wilt Chamberlain – 50.0 (1961-62)
Wilt Chamberlain – 39.6 (1959-60)
Luka Doncic – 38.5 (2026-27)
Michael Jordan – 38.4 (1986-87)https://t.co/BremYunAZ6
— Underdog NBA (@UnderdogNBA) November 5, 2026

