Спорт

ДРЕСОТ НА МАЈКЛ ЏОРДАН СЕ ПРОДАВА ЗА 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Може да стане најскапиот спортски дрес во историјата

Дресот што Мајкл Џордан го носел во финалето на НБА во 1998 година се продава за проценети 100 милиони долари и може да стане најскапиот во историјата.

ДРЕСОТ НА МАЈКЛ ЏОРДАН СЕ ПРОДАВА ЗА 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Може да стане најскапиот спортски дрес во историјата

Дресот што Мајкл Џордан го носел во третиот натпревар од финалето на НБА во 1998 година се продава, а неговата вредност се проценува на неверојатни 100 милиони долари. Џордан го носел дресот во натпреварот против Јута Џез, кој Чикаго Булс го добија со убедливи 96:54. Тогашниот триумф е запаметен како една од најубедливите победи во историјата на финалните серии.

Мајкл Џордан со дресот го освои финалето во 1998 година

Чикаго Булс во финалната серија славеа со 4:2 и ја освоија шампионската титула, а Џордан беше прогласен за МВП на финалето. Тоа беше неговата шеста шампионска титула со Булс и вторпат тимот да освои три титули по ред. Дресот четири години е во сопственост на инвеститорот и актер Роб Гоф, кој сега решил да го понуди на продажба.

Се очекува рекордна продажба

Американските медиуми наведуваат дека дресот би можел да биде продаден за околу 100 милиони долари, со што би станал најскапиот спортски дрес некогаш продаден. Гоф раскажал дека тешко успеал да го пронајде дресот и дека при купувањето користел посредник. Доколку се оствари проценетата сума, уште еден предмет поврзан со легендарната кариера на Џордан ќе испише историја на пазарот на спортски сувенири.