Економија

ДИЗЕЛОТ НАД 100 ДЕНАРИ: Нови цени на горивата од полноќ

Дизелот од 25 август поскапува на 101,50 денари за литар, а растат и цените на бензините и екстра лесното масло.

ДИЗЕЛОТ НАД 100 ДЕНАРИ: Нови цени на горивата од полноќ

Од полноќ повторно поскапуваат горивата во Македонија, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени во просек за 2,62 отсто. Најголем скок има кај дизелот, чија цена се зголемува за 3,50 денари и од 25 август ќе се продава за 101,50 денари за литар. Причина за поскапувањето е растот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.

Поскапуваат и бензините

Еуросупер БС-95 од полноќ ќе чини 93 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава за 95 денари. Двата бензини поскапуваат за 1,50 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за два денари и ќе чини 100,50 денари за литар.

Новата цена на дизелот надмина 100 денари

Според РКЕ, во претходниот период референтната цена на дизелот на светскиот пазар пораснала за 4,842 отсто, што е најголем раст меѓу наведените нафтени деривати. Дополнително, курсот на денарот во однос на доларот бил понизок за 0,534 отсто, што влијаело врз новата пресметка. Со новото поскапување, дизелот по подолго време повторно ја надмина границата од 100 денари за литар.