Македонија
Дознај прв
ГОРИВАТА ПОВТОРНО ПОСКАПУВААТ: Дизелот поскап за 4,5 денари, бензините за три денари по литар
Од полноќ поскапуваат горивата во Македонија. Дизелот се зголемува за 4,5 денари, а бензините за три денари по литар.

Од вечерва на полноќ стапуваат во сила нови, повисоки цени на горивата во Македонија. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за три денари по литар. Со новата одлука, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 93 денари, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 95 денари за литар.
Дизелот се приближува до 100 денари
Најголемо зголемување има кај ЕУРОДИЗЕЛОТ, чија цена се зголемува за 4,5 денари по литар. Новата малопродажна цена на дизелот ќе изнесува 98,5 денари за литар. Со ова поскапување, дизел-горивото се доближува до границата од 100 денари за литар.
Поскапуваат и маслото за домаќинство и мазутот
Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за пет денари и ќе се продава по цена од 98 денари за литар. Цената на мазутот се зголемува за 2,726 денари за килограм и ќе изнесува 48,099 денари. Новите цени се утврдени во однос на претходната одлука за највисоки малопродажни цени донесена на 20 јули.
