Економија

ОД 1 АВГУСТ ПОСКАПУВА ПАРНОТО: Просечната сметка ќе биде повисока за околу 140 денари

Парното од 1 август поскапува во просек за 5,96 проценти, а просечната месечна сметка ќе се зголеми за околу 140 денари.

ОД 1 АВГУСТ ПОСКАПУВА ПАРНОТО: Просечната сметка ќе биде повисока за околу 140 денари

Цената на топлинската енергија од 1 август ќе се зголеми во просек за 5,96 проценти за домаќинствата што се снабдуваат преку системот на ЕСМ. Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, просечната месечна сметка за парно ќе порасне од 2.353 на 2.493 денари. Тоа значи дека скопјани во просек ќе плаќаат околу 140 денари повеќе месечно.

Различно зголемување за корисниците

За корисниците на поранешната „Топлана Скопје Север“, со која сега управува „Енерџи Еколинк“, цената ќе се зголеми во просек за 3,6 проценти. За домаќинствата што се снабдуваат преку ЕСМ Енергетика, поскапувањето ќе изнесува околу пет проценти. Претседателот на РКЕ, Ацо Ристов, информирал дека одлуката била донесена по економски и технички анализи на работењето на компаниите.

Компаниите барале поскапување и до 130 проценти

Според РКЕ, енергетските компании побарале зголемување на цените од 30 до дури 130 проценти, но Комисијата одобрила корекција од 5,96 проценти. Во последната грејна сезона на системот биле приклучени уште 1.521 нов корисник. Со тоа, вкупниот број потрошувачи на топлинска енергија во Скопје достигнал 67.494. Од РКЕ посочуваат дека скопјани и понатаму имаат пониски годишни трошоци за парно во споредба со корисниците во Белград, Љубљана, Софија и Сараево.

ОЗНАКИ: парно