Македонија
Дознај прв
СКРИЕНИОТ ЖИВОТ НА ПЕЛИСТЕР: Фотозамките снимија дивокоза и други диви животни
Дивокоза по долго време е забележана на фотозамките во НП „Пелистер“, каде се регистрирани и волк, срндач, дива свиња и дива мачка.

Дивокоза за првпат по долго време е забележана на фотозамките поставени во Националниот парк „Пелистер“. Од НП „Пелистер“ информираат дека по интензивираните активности на ренџерската служба, дивечот сè почесто се забележува во своите природни живеалишта, како во зоната на активно управување, така и во зоната на строга заштита.
Фотозамките го следат движењето на дивиот свет
Преку фотографиите се следи каде се движат животните, нивната бројност, здравствената состојба и начинот на кој функционираат како дел од синџирот на исхрана. На една од фотографиите е забележан волк како предатор се движи со својот плен – срндач. На друга фотографија, по долго време на интензивен мониторинг, е регистрирана дивокоза, што претставува значаен податок за состојбата на популацијата на овој вид на Пелистер.
Забележани и дива свиња и дива мачка во НП Пелистер
Фотозамките регистрирале и група диви свињи, што е карактеристично однесување за овој животински вид. На останатите фотографии е забележана и дивата мачка, која посетителите понекогаш можат да ја помешаат со балканскиот рис. Од НП „Пелистер“ појаснуваат дека дивата мачка има свои карактеристики и значително се разликува од балканскиот рис.
View this post on Instagram
