Македонија

(ВИДЕО) ТОТАЛНА НЕКООРДИНИРАНОСТ ВО МАЏАРИ: Рампите во различни позиции, возилата стојат, а воз никаде нема

(ВИДЕО) ТОТАЛНА НЕКООРДИНИРАНОСТ ВО МАЏАРИ: Рампите во различни позиции, возилата стојат, а воз никаде нема

Сообраќаен хаос попладнево во скопската населба Маџари, каде што од пругата до кај кино Маџари се формирала долга колона возила поради невообичаен хаос кај пругата. Едната рампа е спуштена, додека другата е крената, а сигнализацијата е активна и покрај тоа што воз воопшто нема. Поради ваквата некоординираност, едни автомобили чекаат, додека други продолжуваат да поминуваат преку пругата.

Според сведоштвата на граѓаните, ситуацијата траела повеќе од 15 минути. Во меѓувреме, се создава голем сообраќаен метеж, а пешаци исто така поминуваат преку пругата. Граѓаните предупредуваат дека ваквата состојба е крајно небезбедна и бараат да се реагира.

ОЗНАКИ: маџари
Жан Митрев