Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) ЗАПЛЕНЕТИ 168,7 КИЛОГРАМИ РЕЖАН ТУТУН ВО ПРИЛЕП: Фатени шест лица при нелегална продажба
Цариниците заплениле 168,7 килограми режан тутун во Прилеп, а шест лица биле затекнати при продажба без акцизни маркички.

Царински службеници заплениле 168,7 килограми режан тутун при акција на зелениот пазар и градскиот плоштад во Прилеп. Според Царинската управа, со нелегалната продажба било избегнато плаќање акциза во износ од 463.787 денари. Во акцијата, спроведена од Царинарница Битола и мобилни тимови од Одделението за оперативни работи, биле затекнати шест лица кои продавале тутун без акцизни маркички. Била побарана и асистенција од полициски службеници.
Против шест лица се поведени постапки
Од Царинската управа информираат дека против затекнатите лица се поведени соодветни постапки пред надлежниот суд и Комисијата за прекршоци. Според институцијата, со продажбата на тутун без акцизни маркички биле прекршени законските прописи и нанесена штета на државниот буџет.
Втора акција за краток период
Ова е втора акција на Царинската управа во краток период, откако претходно при контрола на пазарот во Чаир беа запленети 135 килограми режан тутун. Од институцијата најавуваат продолжување на засилените контроли во внатрешноста на државата, како и истраги поврзани со увозот на тутун и тутунски производи, во рамки на борбата против нелегалната трговија.

