Економија

200.000 ЕВРА ЗА 63 КВАДРАТИ: Најскапиот стан е продаден во Карпош, интересот за нови станови опаѓа

200.000 ЕВРА ЗА 63 КВАДРАТИ: Најскапиот стан е продаден во Карпош, интересот за нови станови опаѓа
Фото: Ви

Најскап стан е продаден во Карпош. Интересот за нови станови опаѓа. Пазарот на недвижности во Македонија бележи забавување на купопродажбите, покажуваат податоците за третиот квартал од 2026 година на Агенцијата за катастар на недвижности.

Во овој период се регистрирани 7.679 трансакции, што е намалување од 8,2% во споредба со претходниот квартал. Бројот на купопродажби е намален за 12,1%, додека продажбата на станови бележи пад од 14%. Вкупната финансиска вредност на пазарот изнесува 339 милиони евра, што е за 3,6% помалку во однос на вториот квартал. Најскапиот стан е продаден во Карпош, каде што за стан од 41 квадратен метар се платени 128.000 евра, односно 3.121 евро за квадрат. Најскапиот стан продаден кај инвеститор пак, бил со површина од 63 квадратни метри, а купувачот за него платил околу 200.000 евра. Истовремено, кај закупите на станови е забележан раст од 45% во споредба со претходниот квартал.

Ние направивме и графика на ваквите движења на пазарот:

Жан Митрев