Свет
Дознај прв
ДЕМОНСТРАНТИ ПРОТИВ БАЈДЕН ВО ДАБЛИН: Фрлале кутии со млеко кон поранешниот претседател
Пропалестински демонстранти фрлале кутии со млеко кон Џо Бајден во Даблин, протестирајќи против неговата поддршка за Израел. Полицијата привела две лица.

Пропалестински демонстранти фрлале кутии со млеко кон поранешниот американски претседател Џо Бајден и неговата придружба за време на неговата ненајавена посета на Даблин. Инцидентот се случил пред колеџот „Тринити“, каде што Бајден и неговата сопруга Џил присуствувале на свеченост посветена на нивниот син Хантер. Демонстрантите протестирале поради поддршката што Бајден му ја давал на Израел за време на војната во Газа, извикувајќи „Џо геноцидниот“, „Имаш крв на рацете“ и „Срам да ти е“.
Полицијата привела две лица
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како припадници на обезбедувањето ги штитат Бајден и неговата сопруга, додека полицијата се обидува да ги одвои од демонстрантите. Ирската полиција привела две лица по инцидентот. Засега нема потврда дали некој од фрлените предмети го погодил поранешниот американски претседател.
Хантер Бајден доби златен медал
Бајден пристигнал во Даблин со сопругата Џил за да присуствува на доделувањето златен медал на нивниот син Хантер од студентското дебатно друштво „Колеџ историкал сосајети“ при колеџот „Тринити“. Наградата му била доделена за неговиот придонес во јавниот дискурс. Хантер Бајден претходно беше осуден во САД за прекршоци поврзани со огнено оружје и даноци, но кон крајот на 2024 година доби помилување од својот татко. За време на престојот, семејството Бајден се сретнало и со ирскиот премиер Мајкл Мартин.
Joe Biden was pelted with milk cartons in Dublin, Ireland, as he took cover behind an umbrella. Police wrestled with protesters while he was rushed into his SUV. https://t.co/DCQbCgztYI
— Breaking911 (@Breaking911) November 10, 2026

