Македонија
Дознај прв
МАЈКАТА НА ПРЕТЕПАНАТА ОХРИЃАНКА СО ПОТРЕСНИ ДЕТАЛИ: Насилникот (кој веќе е на слобода) побарал нож да ја „докрајчи“ и сакал да ја фрли во провалија

Мајката на девојката која беше брутално претепана од своето момче во Охрид и оставена пред маркет, се огласи со потресно сведоштво за нападот. Таа тврди дека 28-годишниот осомничен, додека нејзината ќерка Сара била во бессознание, мислел дека е мртва и побарал помош од својот татко како да се ослободи од нејзиното тело. Според нејзината објава, во разговорот се споменувало и фрлање на девојката во провалија. Мајката тврди дека осомничениот побарал нож за да ја „докрајчи“, а телефонот на девојката бил намерно искршен за да не може да повика помош. Таа наведува и дека лица од неговото опкружување одбивале да ја однесат девојката во болница, иако барала помош.
Дополнително, изразува сомнеж дека негови блиски се обиделе да влијаат врз медицинскиот извештај за повредите. Мајката е особено загрижена за безбедноста на ќерка си, која сè уште е во болница, откако осомничениот, според објавата, бил пуштен на слобода.
Прочитајте ја целосно нејзината објава.
View this post on Instagram

