Македонија

„ДА Е МОЈА ЌЕРКА НИ ВО ЗАТВОР НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ СКРИЕ“: Новинарот Богдан Илиевски распали по насилникот и посака брзо опоравување на жртвата

„ДА Е МОЈА ЌЕРКА НИ ВО ЗАТВОР НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ СКРИЕ“: Новинарот Богдан Илиевски распали по насилникот и посака брзо опоравување на жртвата

Новинарот Богдан Илиевски со остра реакција го осуди бруталното насилство врз Сара во Охрид, изразувајќи револт и поради одлуката на судот осомничениот да добие мерки на претпазливост наместо притвор. Илиевски вели дека не може да разбере како, и покрај постојаното јавно говорење против насилството и подигнувањето на свеста за овој проблем, повторно се случуваат вакви случаи. Тој посочува дека станува збор за целосно отсуство на елементарно чувство за пристојност и човечност. Особено остро реагираше на судската одлука, прашувајќи каква порака се испраќа со изрекувањето само мерки на претпазливост. „Да е моја ќерка ни во затвор нема да може да се скрие. Ни на другиот свет“, напиша Богдан Илиевски. Тој ѝ посака брзо закрепнување на повредената девојка и побара строга санкција за осомничениот. Во обраќањето упати и директна порака до судиите и обвинителите да размислат за сериозноста на ваквите случаи.

Инаку, утрово и мајката на претепаната Сара се огласи со статус.

МАЈКАТА НА ПРЕТЕПАНАТА ОХРИЃАНКА СО ПОТРЕСНИ ДЕТАЛИ: Насилникот (кој веќе е на слобода) побарал нож да ја „докрајчи“ и сакал да ја фрли во провалија

Жан Митрев