Македонија
Дознај прв
ЗАЈКОВА: ДА НЕ ВИ ПАДНАЛО НА ПАМЕТ ДА ГИ ШТИТИТЕ! Бара одземање и вештачење на телефоните во случајот со насилството во Охрид
Моника Зајкова бара одземање и вештачење на телефоните, проверка на комуникациите и преиспитување на квалификацијата на делото во случајот од Охрид.

Претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, побара од Обвинителството да се одземат и вештачат мобилните телефони во случајот со насилството врз жена во Охрид. Таа смета дека треба да се провери дали насилникот комуницирал со роднините и дали имало обиди за влијание врз сведоците. Зајкова побара и да се утврди дали постоеле закани, како и да се провери евентуалната комуникација меѓу осомничениот и неговото семејство. Во објавата на социјалните мрежи таа порача дека не смее да има заштита за сторителот или за лица кои евентуално му помагале.
Бара вештачење на телефоните и проверка на комуникациите
„ОЈО да иницира одземање и вештачење на мобилни телефони, како и примена на посебни истражни мерки за утврдување комуникација меѓу насилникот и неговото семејство за да утврди дали и докаже лесно ако имало повици“, напиша Зајкова. Таа посочи дека од секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР може да се ангажираат експерти за проверка на евентуалните докази.
Зајкова бара обвинение за обид за убиство
Зајкова побара и правната квалификација на делото да биде преиспитана, односно да се провери дали постојат основи случајот да се квалификува како обид за убиство. Таа се повика и на сведочењето на таткото на девојката, кое, според нејзината објава, укажува на можни инструкции за одговори и помагање. „Да не ви паднало на памет да ги штитите! Исто да се постапи и да одговара за обид за убиство, а сите што му давале инструкции во неговата паника да одговараат за помагање“, порача Зајкова.

