Свет

АМЕРИКАНСКИ КОШАРКАР УАПСЕН ВО НИГЕРИЈА: Во неговиот багаж пронајдени речиси 34 килограми канабис

Американскиот кошаркар Да'монте Грин е уапсен на аеродромот во Лагос, откако во неговиот багаж биле пронајдени 33,95 килограми канабис.

АМЕРИКАНСКИ КОШАРКАР УАПСЕН ВО НИГЕРИЈА: Во неговиот багаж пронајдени речиси 34 килограми канабис

Американскиот кошаркар Да’монте Кајри Грин е уапсен во Нигерија, откако во неговиот багаж на главниот аеродром во Лагос биле пронајдени 33,95 килограми канабис. Нигериската национална агенција за борба против дрогата (NDLEA) соопшти дека станува збор за 28-годишник од американската сојузна држава Џорџија, кој пристигнал од Тајланд преку Обединетите Арапски Емирати. Според Агенцијата, тој тврдел дека професионално играл кошарка во Тајланд и дека дошол во Нигерија за да воспостави деловни контакти поврзани со својата кариера. Осомничениот бил уапсен во средата, откако аеродромските службеници забележале дека се обидел да го напушти терминалот без двата дела од чекираниот багаж.

Во торбите пронајдени 32 пакети дрога

При проверката на двете торби, на кои било испишано неговото име, биле пронајдени 32 пакети со дрогата „Лауд“, моќен вид канабис, со вкупна тежина од 33,95 килограми. Меѓу содржината бил откриен и уред за следење. Од NDLEA дополнително соопштиле дека прегледот на неговиот мобилен телефон открил материјали за кои тврдат дека укажуваат на негово знаење и учество во активности поврзани со трговија со дрога. Грин досега нема дадено јавна изјава во врска со обвиненијата.

Последен настап имал на турнир во Тајланд

На страниците на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) се појавува играч по име Дамонте Грин, кој последен пат настапил на 26 септември на Пукет Елит купот во Тајланд. Според Обединетите нации, Нигерија од транзитна земја за шверц на дрога сè повеќе се претвора и во земја на производство, потрошувачка и дистрибуција. Неодамнешните операции на нигериските власти откриле и лаборатории за производство на метамфетамин во индустриски размери, што отвора загриженост за можни врски меѓу локалните производители и мексиканските нарко-картели.

 

ОЗНАКИ: НИГЕРИЈА
Жан Митрев