Македонија

„НЕ Е ЏАБЕ ШТО ПИШУВАМЕ, ПРЕД ГОСПОД ЗНАЕМЕ ДЕКА СМЕ НА СТРАНА НА ПРАВДАТА“: Адвокатот Умејр Мухамеди ја сподели објавата на 24часа и реагираше по насилството

„НЕ Е ЏАБЕ ШТО ПИШУВАМЕ, ПРЕД ГОСПОД ЗНАЕМЕ ДЕКА СМЕ НА СТРАНА НА ПРАВДАТА“: Адвокатот Умејр Мухамеди ја сподели објавата на 24часа и реагираше по насилството

Адвокатот Умејр Мухамеди ја сподели објавата на 24часа за последните случувања во случајот со Кристијан, кој повторно беше лишен од слобода. По споделувањето, Мухамеди упати порака до сите медиуми, јавни личности и поединци кои јавно пишуваат и реагираат за случајот. „Не е џабе, ако ништо друго, ние што пишуваме барем пред Господ ќе знаеме дека сме биле на страната на правдата“, напиша тој.

МЕДИУМСКИОТ ПРИТИСОК СЕ ИСПЛАТЕШЕ: Насилникот Кристијан повторно е лишен од слобода

Во објавата, адвокатот упати пофалба и кон републичкиот јавен обвинител Ненад Савевски. Мухамеди наведува дека предметот бил одземен од обвинителот Арнаудовски и доделен на друг обвинител. Неговата реакција доаѓа во период кога случајот предизвикува големо внимание во јавноста, а за последните случувања известуваат повеќе медиуми.

Жан Митрев