Магазин
Дознај прв
НВИДИА НЕ ГО САКА ПОВТОРНО ЗА ДИРЕКТОР: Управниот одбор ја одбил можноста Џенсен Хуанг да се врати на чело на компанијата
Управниот одбор на Нвидиа не планира повторно да го именува Џенсен Хуанг за извршен директор, иако тој изразил подготвеност да се врати.

Американската технолошка компанија „Нвидиа“ не планира повторно да го постави Џенсен Хуанг на позицијата извршен директор, иако основачот и поранешен челник на компанијата јавно изјавил дека е подготвен повторно да застане на нејзино чело. Претседателот на Управниот одбор, Харви Џонс, го потврдил ставот за време на презентацијата на деловните резултати на компанијата, пренесува „ТекКранч“. Според него, на 12 ноември Хуанг доброволно поднел оставка од функциите претседател на одборот, извршен директор и член на Управниот одбор, откако биле откриени детали за неговото лично однесување кое не било во согласност со кодексот на однесување и вредностите на компанијата. Управниот одбор едногласно ја прифатил оставката и нема намера повторно да го именува на функцијата извршен директор.
Хуанг изразил подготвеност да се врати во Нвидиа
Претходно, Хуанг на социјалната мрежа Икс напишал дека голем број вработени, инвеститори, деловни партнери и клиенти го повикале да се врати. Тој навел дека би му било чест повторно да ја раководи компанијата доколку Управниот одбор процени дека тоа е во најдобар интерес на акционерите, вработените, „Нвидиа“ и САД. Сепак, од компанијата сега јасно порачуваат дека неговото враќање не доаѓа предвид.
Во случајот се споменува и неговата сопруга
Дополнително внимание привлече и информацијата за наводни врски на сопругата на Хуанг, Алис Хуанг, со кинески безбедносни структури. Според „ТекКранч“, таа со години одржувала блиски односи со поранешниот извршен директор на компанијата „Мегаспид“, поради што американските разузнавачки претставници се сомневаат во можни врски со кинеските разузнавачки служби. Овие сомневања засега не се потврдени, но отвориле прашања за тоа дали наводните контакти можеле да влијаат врз работењето на „Нвидиа“ во Кина.

