Дознај прв
ИНФЛУЕНСЕРИТЕ ПОД ЛУПА НА ЕУ: Крај за скриените реклами и лажните препораки, секоја платена објава ќе мора јасно да биде означена

Европската комисија предлага нови правила со кои ќе се заостри контролата врз рекламирањето на интернет, вклучително и содржините што ги објавуваат инфлуенсерите. Според предлогот за новиот Закон за дигитална правичност (Digital Fairness Act), инфлуенсерите ќе мора јасно и видливо да означуваат кога објавуваат платена содржина или промовираат производи во рамки на комерцијална соработка. Целта е корисниците да можат да разликуваат лични препораки од реклами. Новите правила предвидуваат и ограничувања за рекламирање производи наменети за деца, како и забрана за манипулативни техники со кои интернет-платформите ги наведуваат корисниците на одредени избори. Се предлага и поголема транспарентност на цените, полесно откажување претплати и можност за исклучување на функции што поттикнуваат прекумерно користење на дигиталните услуги. Европската комисија предлага и посилни механизми за казнување на компаниите што ги прекршуваат правилата. Предлогот допрва треба да помине низ законодавната постапка на Европската Унија.
Извор: Еуроњуз

