Македонија
Дознај прв
УКИМ СО ПОЛА МИЛИОН ЕВРА ДОЛГ ЗА СТРУЈА: ЕВН даде рок до утре, во спротивно повторно ќе ги исклучи факултетите
Повеќе факултети и Ректоратот на УКИМ останаа без струја поради долг кон ЕВН од околу 500.000 евра. Рокот за плаќање е до петок.

Повеќе факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и зградата на Ректоратот вчера останаа без електрична енергија поради неплатени сметки кон ЕВН. Без струја беа Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет. Долгот на институциите изнесува околу половина милион евра, при што најголемиот дел од неплатените обврски се однесуваат токму на факултетите. По неколку часа и постигнат договор, снабдувањето со електрична енергија беше нормализирано, но ЕВН постави услов за продолжување на испораката – долгот да биде подмирен до крајот на работната недела.
Рокот на УКИМ истекува во петок
Од ЕВН им оставиле рок до петок на факултетите и Ректоратот да ги платат неплатените сметки. Доколку тоа не се случи, повторно се заканува исклучување од електричната мрежа.
На ред може да дојдат и културните институции
Проблемот со неплатените сметки не се однесува само на факултетите. Исклучувања на електрична енергија во наредните денови не се исклучуваат ниту кај културните институции, а опасност од прекин на снабдувањето има и кај Пошта.

