Македонија

МИЦКОСКИ И МУЦУНСКИ ВО БЕРЛИН: Потврдена поддршката за праведен и траен мир во Украина

Мицкоски и Муцунски учествуваа на состанокот во Берлин, организиран од Фридрих Мерц, посветен на Украина и напорите за постигнување мир.

МИЦКОСКИ И МУЦУНСКИ ВО БЕРЛИН: Потврдена поддршката за праведен и траен мир во Украина
фото - facebbok Hristijan Mickoski

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски учествувале на состанокот на Коалицијата на волјата во Берлин, посветен на состојбата во Украина и напорите за постигнување мир. Состанокот бил организиран од германскиот канцелар Фридрих Мерц, а во фокусот биле можностите за завршување на војната и координацијата меѓу меѓународните партнери.

Повик за заедничко дејствување на Европа и САД

На средбата била истакната потребата од засилени напори за завршување на војната, како и од заедничко дејствување на европските партнери и Соединетите Американски Држави. Учесниците разговарале за актуелните случувања во Украина и дипломатските напори за постигнување мир.

Македонија ја потврди поддршката за Украина

На состанокот била потврдена поддршката на Македонија за постигнување праведен и траен мир во Украина. Како што е наведено во објавата, земјата се залага за решение преку дијалог, дипломатија и координација со сојузниците.

Жан Митрев