Македонија

УКИМ НЕМА ДА ОСТАНЕ БЕЗ СТРУЈА: МОН ќе го подмири долгот во наредните денови

УКИМ НЕМА ДА ОСТАНЕ БЕЗ СТРУЈА: МОН ќе го подмири долгот во наредните денови

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) нема да остане без струја, откако ЕВН Македонија и Министерството за образование и наука (МОН) денеска постигнале договор за надминување на проблемот со неплатените сметки. Од ЕВН за Плусинфо потврдиле дека Министерството ќе го подмири заостанатиот долг во текот на наредните денови. Со договорот е избегнато најавеното повторно исклучување на струјата, кое требаше да се случи утре. Вчера, поради неплатени сметки, без електрична енергија останаа Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет, како и зградата на Ректоратот.

Снабдувањето беше обновено по неколку часа, но на Универзитетот му беше оставен рок до петок да ги подмири обврските. Според информации од извори во ЕВН, долгот на овие универзитетски единици изнесува околу половина милион евра. Министерката Весна Јаневска претходно изјави дека средствата за покривање на долгот се предвидени со ребалансот на Буџетот.

Жан Митрев