Македонија
Дознај прв
ТАТКОТО НА КРИСТИЈАН КОРАБОСКИ ЌЕ СЕ ГОНИ ЗА ПОМАГАЊЕ ПРИ ИЗВРШУВАЊЕ НА КРИВИЧНО ДЕЛО!?

Основното јавно обвинителство во Охрид презема дејствија за евентуално проширување на истрагата и поднесување кривична пријава и против таткото на Кристијан Корабоски за можно помагање при извршување на кривично дело. Ова за „Инфомакс“ го потврдиле од ОЈО Охрид, од каде што посочиле дека се разгледува евентуалната кривична одговорност на таткото.
Во моментов се прибираат докази, по што ќе биде оценето дали постои основа и против него да биде поднесена кривична пријава. Кристијан Корабоски се наоѓа во притвор во затворот во Охрид и се товари за три кривични дела: тешка телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста. Семејството на девојката претходно на социјалните мрежи објави тврдења дека по претепувањето, Корабоски ја возел со автомобил додека бил во алкохолизирана состојба. Обвинителството сега ги проверува околностите и можната вмешаност на неговиот татко. Според нивните објави, тој го барал својот татко за да собере пријатели и да се ослободат од девојката, бидејќи мислел дека е мртва.
Претходно, се создаде голем медиумски притисок.
МЕДИУМСКИОТ ПРИТИСОК СЕ ИСПЛАТЕШЕ: Насилникот Кристијан повторно е лишен од слобода

