Спорт
Дознај прв
ЛАЗАРОВ ГО НАДМУДРИ ЧЕРВАР: Алкалоид го сруши Еурофарм Пелистер во дербито!

Ракометарите на Алкалоид приредија изненадување, откако на домашен терен го совладаа Еурофарм Пелистер со 30-28 во дербито од 11. коло во македонската Суперлига. Кирил Лазаров тактички го надигра искусниот Лино Червар, а неговиот тим дојде до важна победа против актуелниот вицешампион. Алкалоид имаше одличен финиш на првото полувреме и на пауза замина со предност од 14-10. Во вториот дел домашниот тим во еден момент имаше и шест гола предност, но Еурофарм Пелистер успеа да ја намали разликата и да се врати во натпреварот. Сепак, Алкалоид не дозволи целосен пресврт, а голманот Марко Кизиќ со десет одбрани имаше значаен придонес за триумфот. Никола Костески беше најефикасен кај победничкиот тим со седум гола, додека ист број погодоци за гостите постигна Филип Кузмановски. Победата има двојна вредност за Алкалоид, бидејќи натпреварот се бодуваше и за Регионалната лига.

