Македонија

СПЕЦИЈАЛЦИТЕ СПАСИЈА ТЕШКО ПОВРЕДЕН АЛПИНИСТ: Драматична акција на непристапен терен кај Демир Капија

Припадници на Баталјонот на специјални сили извлекоа тешко повреден алпинист од непристапен терен кај Демир Капија и го предадоа на Итната помош.

СПЕЦИЈАЛЦИТЕ СПАСИЈА ТЕШКО ПОВРЕДЕН АЛПИНИСТ: Драматична акција на непристапен терен кај Демир Капија

Припадниците на Баталјонот на специјални сили успешно реализирале сложена спасувачка акција за евакуација на тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија. Несреќата се случила за време на качување по карпи, кога алпинистот паднал на исклучително стрмен и тешко пристапен терен. Во тој момент припадниците на специјалните сили изведувале редовна напредна обука за планински операции во непосредна близина, по што веднаш биле алармирани и ја организирале интервенцијата.

Прво му укажале помош, потоа го извлекле од карпите

На повредениот алпинист му била укажана прва медицинска помош на местото на несреќата. Со употреба на специјализирана алпинистичка и спасувачка опрема, припадниците на БСС успеале безбедно да го извлечат од непристапниот терен и да го транспортираат преку реката. По извлекувањето до пристапна точка, повредениот бил предаден на екипите на Итната медицинска помош за понатамошно згрижување и лекување.

Интервенција во сложени и ризични услови

Од Баталјонот на специјални сили посочуваат дека акцијата ја потврдува обученоста, професионалноста и подготвеноста на нивните припадници за дејствување во сложени и ризични услови. Интервенцијата, како што наведуваат, е потврда за нивната пожртвуваност и решителност во најпредизвикувачки ситуации, во служба на граѓаните и заштитата на човечките животи.

Демир

Жан Митрев