Македонија

(ВИДЕО) АЛИ АХМЕТИ ПОДИГНА АЛБАНСКО ЗНАМЕ ВО ЗАЈАС БЕЗ ДРЖАВНОТО ЗНАМЕ: Настанот отвори прашања за законската употреба на знамињата

Али Ахмети подигна албанско знаме во меморијалниот комплекс „Мајка Албанка“ во Зајас. Настанот отвори прашања за законската употреба на знамињата.

(ВИДЕО) АЛИ АХМЕТИ ПОДИГНА АЛБАНСКО ЗНАМЕ ВО ЗАЈАС БЕЗ ДРЖАВНОТО ЗНАМЕ: Настанот отвори прашања за законската употреба на знамињата

Али Ахмети подигна албанско знаме на јарбол во Зајас

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, подигна албанско знаме на јарбол во Зајас, во пресрет на 22 Ноември – Денот на албанската азбука. На свеченоста, одржана во меморијалниот комплекс „Мајка Албанка“, не било истакнато државното знаме. Видеото од настанот беше споделено од повеќе медиуми, а чинот беше претставен како симбол на албанскиот национален идентитет, историското наследство и националната гордост.

Прашања за употребата на знамињата

Настанот отвори прашања за тоа дали во конкретниот случај биле исполнети законските услови за истакнување на државното знаме заедно со знамето на заедницата. Законот за употреба на знамињата на заедниците предвидува случаи во кои знамето на заедницата задолжително се истакнува заедно со државното знаме.

Што предвидува законот?

Истовремено, законските одредби дозволуваат употреба на знамињата на заедниците и во приватниот живот, како и на културни, спортски и други приредби организирани од припадниците на заедниците. Дали во случајот со настанот во Зајас постоела обврска за истакнување на државното знаме зависи од конкретните околности и законските услови за одржување на настанот.

Жан Митрев