Македонија

МУЦУНСКИ СЕ СРЕТНА СО НОВАТА ШЕФИЦА НА УНГАРСКАТА ДИПЛОМАТИЈА: Поддршка од Будимпешта за европскиот пат на Македонија

Тимчо Муцунски се сретна со Анита Орбан во Атина. Разговарале за билатералните односи, проширувањето на ЕУ и регионалната безбедност.

МУЦУНСКИ СЕ СРЕТНА СО НОВАТА ШЕФИЦА НА УНГАРСКАТА ДИПЛОМАТИЈА: Поддршка од Будимпешта за европскиот пат на Македонија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оствари средба со новата министерка за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан, на маргините на министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“ во Атина. Ова е нивна прва средба по назначувањето на Орбан на функцијата шефица на унгарската дипломатија. Во фокусот на разговорите биле билатералните односи, европската перспектива на Западен Балкан, како и актуелните регионални и безбедносни предизвици.

Потврдена заложбата за продлабочување на соработката

На средбата било изразено задоволство од континуираниот развој на односите меѓу Македонија и Унгарија, како на билатерален план, така и во регионалните и мултилатералните формати. Муцунски и Орбан ја потврдиле заложбата за натамошно продлабочување на соработката во областите од заемен интерес.

Муцунски ја поздравил поддршката од Унгарија за европската интеграција

Посебен акцент бил ставен на европската перспектива на земјите од Западен Балкан и потребата од континуитет и кредибилитет на процесот на проширување на Европската Унија. Муцунски ја поздравил силната и континуирана поддршка од Унгарија за европската интеграција на земјите од регионот. Двајцата соговорници размениле мислења и за регионалните и безбедносните предизвици, нагласувајќи ја заедничката определба за мир, стабилност и посилна регионална соработка.

Жан Митрев