Економија

Повторно поскапува парното во Скопје

Повторно поскапува парното во Скопје

Парното греење во Скопје од 1 јануари ќе поскапи за околу 7,5 проценти, според одлуките од подготвителната седница на Регулаторната комисија за енергетика. Најголем дел од скопјани, кои ги снабдува ЕСМ Снабдување, ќе плаќаат 7,5 проценти повисоки сметки. Истото зголемување се предлага и за корисниците на Скопје Север, додека кај потрошувачите на ЕСМ Енергетика поскапувањето ќе изнесува 7,2 проценти. Уште поголемо зголемување се предлага за фирмите и другите правни лица, чии тарифи би пораснале за околу 13 проценти. Како главна причина за корекцијата на цените се наведува зголемувањето на цената на природниот гас, што влијае врз трошоците за производство и снабдување со топлинска енергија. Новите цени треба да стапат во сила на 1 јануари, откако официјално ќе бидат потврдени на седница на Регулаторната комисија за енергетика.

Оваа година парното веќе поскапе во два наврати, со вкупно зголемување од 11 проценти. Конкретно, поскапување имаше и пред само неколку месеци.

ОД 1 АВГУСТ ПОСКАПУВА ПАРНОТО: Просечната сметка ќе биде повисока за околу 140 денари

Жан Митрев