Македонија
Дознај прв
ШИЛЕГОВ ДЕМАНТИРАШЕ ДЕКА ИМАЛ СООБРАЌАЈКА: Возилото заглавило во кал, па морало да биде извлечено
Петре Шилегов објасни дека неговиот автомобил заглавил во кал на раскопана улица, а не учествувал во сообраќајна несреќа.

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, утринава се огласи на Фејсбук по видеото кое синоќа се прошири на социјалните мрежи, а на кое се гледа неговото возило заглавено на улица. Шилегов демантираше дека имало сообраќајна незгода и објасни дека автомобилот заглавил во калта на раскопаните тротоари. Според неговото објаснување, возилото шлајфувало, по што со помош на пријатели и случајни минувачи било извлечено за помалку од десет минути.
Автомобилот не претрпел никаква штета
Шилегов наведе дека по извлекувањето на возилото заминале на кафе и дека автомобилот не претрпел никаква штета. Тој им се заблагодари на сите што помогнале, но и на оние кои се загрижиле по објавите за наводната сообраќајна несреќа.
Шилегов со порака до критичарите
Во својата објава поранешниот градоначалник упати и порака до критичарите, наведувајќи дека злобните и љубоморните коментари ќе го направат посилен.

