Македонија

КИНЕСКАТА АМБАСАДОРКА СО ПОРАКА: Македонија може да стане клучен сообраќаен јазол меѓу Кина и Европа

Амбасадорката Џијанг Сјаојен смета дека Македонија може да стане важна транспортна алка меѓу Кина и Европа преку железничките и копнено-поморските коридори.

КИНЕСКАТА АМБАСАДОРКА СО ПОРАКА: Македонија може да стане клучен сообраќаен јазол меѓу Кина и Европа

Македонија може да ја искористи својата географска положба и да стане важна алка во транспортното поврзување на Кина и Европа преку железничките и копнено-поморските коридори. Ова го истакна кинеската амбасадорка Џијанг Сјаојен на конференцијата „Надвор од геополитичките линии на поделба – редефинирање на поврзаноста меѓу Кина и Европа“, која е во тек. Таа порача дека отвореноста и соработката се клучни за поврзување на регионите и заеднички економски развој.

Поврзување со европските транспортни коридори

Амбасадорката нагласи дека е потребно подобро усогласување на копнените и поморските транспортни врски, како и поврзување на експресната копнено-поморска линија Кина–Европа со паневропските коридори. Според неа, Македонија има можност целосно да ја искористи својата географска положба и да ја комплетира „средишната алка“ во транспортната мрежа.

Амбасадорката

Железничка врска со Унгарија, Србија и пристаништето Пиреја

Како еден од важните чекори, Сјаојен ја посочи можноста за продолжување на железничката линија Унгарија–Србија кон југ, како и нејзино поврзување со пристаништето Пиреја во Грција. „Отвореноста нè поврзува преку морињата, а соработката го поттикнува заедничкиот развој“, порача кинеската амбасадорка. Според неа, ваквите инфраструктурни врски би придонеле за подобра поврзаност меѓу Кина и Европа и за економски развој.

Жан Митрев