Економија
Дознај прв
(ВИДЕО) НЕЗАКОНСКИ ИМ НАПЛАЌАЛЕ ОПОМЕНИ И КАЗНИ: Над 26.000 граѓани ќе добијат поврат на пари од брзите кредити

Над 26.000 граѓани ќе добијат назад повеќе од 140 милиони денари, односно околу 2,28 милиони евра, кои незаконски им биле наплатени од финансиските друштва за брзите кредити. Портпаролката на Владата, Марија Митева оваа тема ја опиша „како едно од најгорливите прашања за многу семејства“.
Државниот пазарен инспекторат по спроведените вонредни контроли утврдил неправилности кај најголем дел од вкупно 27 лиценцирани финансиски друштва. Според директорот на ДПИ, Влатко Стојкоски, граѓаните треба да бидат контактирани од компаниите од кои биле оштетени, а рокот за враќање на средствата е од 30 до 90 дена. Кај 18 друштва биле утврдени нечесни трговски практики и незаконски одредби во договорите за потрошувачки кредити. Дополнително, кај 12 финансиски друштва било утврдено дека на клиентите им наплаќале за испраќање известувања и опомени поради доцнење со плаќањето на ратите. Контролите го опфатиле периодот од 2023 до 2026 година, а инспекциските постапки сè уште траат.
Погледнете го видео исечокот од владината прес-конференција:
View this post on Instagram
Надлежните најавија дека дополнително ќе бидат објавени имињата на финансиските друштва кај кои се утврдени злоупотреби.

