Спорт

НОВ ПЕХ ЗА МУСИЈАЛА: Ѕвездата на Баерн повторно се повреди, ќе паузира на неопределено време

Баерн Минхен потврди дека Џамал Мусијала има повреда на мускулот на десната бутина и ќе отсуствува од терените на неопределено време.

НОВ ПЕХ ЗА МУСИЈАЛА: Ѕвездата на Баерн повторно се повреди, ќе паузира на неопределено време
Getty Images Jamal Musiala came off the bench with 14 minutes remaining in Bayern's defeat by Lille on Wednesday BBC

Баерн Минхен доби лоши вести откако Џамал Мусијала заработи нова повреда, овојпат на мускулот на десната бутина. Германскиот репрезентативец бил на медицински прегледи, по кои клубот потврди дека фудбалерот ќе биде надвор од терените на неопределено време. Повредата доаѓа како нов удар за Мусијала, кој повторно ќе мора да паузира и да се посвети на закрепнувањето.

Баерн ја потврди повредата

„Медицинскиот персонал на Баерн Минхен потврди дека Џамал Мусијала заработил повреда на мускулот на десната бутина по медицинските прегледи. Затоа, германскиот репрезентативец ќе биде надвор од терените на неопределено време“, соопштија од клубот.

Можно е да отсуствува до крајот на годината

Според извештаите на германските медиуми, Мусијала би можел да биде надвор од терените најмалку до крајот на годината. Засега Баерн не објави конкретен рок за неговото враќање, па останува да се види колку ќе трае рехабилитацијата на еден од најважните фудбалери на баварскиот тим.

Жан Митрев