Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ ВО КУМАНОВО СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Додека биле на петочна молтива, крадци им го изпразниле дуќанот

Среде бел ден, денеска била ограбена златарница на улицата „11 Октомври“ во центарот на Куманово. Според информациите, сопствениците го затвориле дуќанот за да заминат на петочната молитва, а сторителите го искористиле нивното отсуство.
Во полицијата околу 12:30 часот било пријавено дека неколку лица влегле во објектот и одзеле злато. Радио Бум објави снимка од безбедносна камера на која се гледа како крадците полнат торби со накит и потоа бегаат. Од СВР Куманово информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот. Засега нема дополнителни информации за вредноста на украдениот накит.
View this post on Instagram
Видео: Радио Бум

