Хроника
Дознај прв
(ВИДЕО) СО АЛБАНСКИ ЗНАМИЊА НА КОЊИ НИЗ ТЕТОВО: Со активности се одбележува Денот на албанското знаме

Тетово денеска го одбележува 28 Ноември – Денот на албанското знаме, со повеќе активности во градот. Утрово низ улиците продефилираше група јавачи на коњи, носејќи албански знамиња. Колоната се движела низ градот, по што се упатила кон плоштадот „Маршал Тито“, каде продолжило одбележувањето на празникот.
Во рамки на програмата, Општина Тетово организира и маршот „Знамето нè обединува“, со најавено учество на околу 1.500 ученици. Од нив, 500 ученици подготвија кореографија и уметничка програма на плоштадот „Илирија“. Празникот се одбележува со активности организирани од Општина Тетово и градоначалникот Билал Касами.
Повеќе може да погледнете од видеото:
View this post on Instagram

