Македонија

(ВИДЕО) ПОВТОРНО СКАНДАЛ ВО ГОСТИВАР: Искинато македонското знаме, реагира „Патриотско друштво“

(ВИДЕО) ПОВТОРНО СКАНДАЛ ВО ГОСТИВАР: Искинато македонското знаме, реагира „Патриотско друштво“

„Патриотско друштво“ објави видео на кое се гледа како се кине македонското државно знаме. Видеото, според објавата, е преземено од профил на социјалната мрежа ТикТок. Објавата предизвика реакции кај граѓаните, кои го осудуваат односот кон државните симболи. Во коментарите се поставува прашањето до кога ќе се толерира ваквото непочитување на државното знаме. Дел од граѓаните сметаат дека надлежните институции треба да реагираат и да го расчистат случајот. На крајот од реакциите се упатува порака дека МВР е на потег да ги идентификува и пронајде сторителите.

Жан Митрев