Магазин

(ВИДЕО) „НА КОЈ МУ ТЕКНАЛО BLACK FRIDAY ВО АПТЕКА“: Игор Стојанов – Баркли со прашање за акцијата

(ВИДЕО) „НА КОЈ МУ ТЕКНАЛО BLACK FRIDAY ВО АПТЕКА“: Игор Стојанов – Баркли со прашање за акцијата

Комичарот Игор Стојанов – Баркли во свој стил го прокоментира Black Friday, прашувајќи се како изгледаат попустите кога станува збор за аптека. „Што е тоа Black Friday, лекови на попуст ли да купам?“, прашува Баркли, кој очигледно не ја разбира потребата од шопинг-треска и кога станува збор за лекови. Во продолжение, со доза црн хумор, додава: „Ако има некој болен, нека ми се искашла во фаца, Фервексот е на акција“. Неговата саркастична реакција е уште еден коментар на актуелната Black Friday еуфорија, која ги зафати и продавниците и трговските центри. Изгледа дека оваа година попустите стигнаа и до аптеките, барем според коментарот на Баркли.

„На кој му текнало Black Friday во аптек“, праша Баркли, но, сепак, додека едни ги користат акциските понуди за купување, дел од потрошувачите реагираат дека попустите се фиктивни.

Таков пример беше реакцијата за продавницата „Сетек“, каде граѓанин објави дека наместо поевтинување, цените на одредени лаптопи биле зголемени за 2.000 денари.

ВИРАЛНА ОБЈАВА НА СЕДРАК ПРОТИВ СЕТЕК: Лаптоп што пред акција чинел 28.999 денари, на Black Friday (наместо да поевтини) поскапел на 30.999 денари!?

Останува прашањето колку од понудените попусти навистина носат заштеда за потрошувачите. Што мислите вие, дали попустите се реални или далеку од тоа?

Жан Митрев