Македонија

СРЕДЕ НОЌ ГРАБЕЖ ВО ЦЕНТАР: Украдени банкомати од „Веро Џамбо“, полицијата трага по сторителите

Украдени банкомати од „Веро Џамбо“ во Центар среде ноќ. Сторителите избегале, а МВР презема мерки за нивно пронаоѓање.

СРЕДЕ НОЌ ГРАБЕЖ ВО ЦЕНТАР: Украдени банкомати од „Веро Џамбо“, полицијата трага по сторителите

Среде ноќ се случила тешка кражба во трговскиот центар „Веро Џамбо“ на подрачјето на Општина Центар, каде што неколку лица одзеле пари од банкомат. Според пријавата доставена до СВР Скопје, настанот се случил на 10 јули околу 3:15 часот. Дел од медиумите објавија дека од објектот целосно биле однесени два банкомати, додека во информацијата на МВР се наведува дека сторителите насилно отвориле банкомат и од него одзеле пари.

Сторителите избегале по кражбата

По извршувањето на кривичното дело, лицата веднаш го напуштиле местото и побегнале во непознат правец. Засега нема официјална информација колкава сума пари била одземена, ниту на кој начин сторителите влегле во трговскиот центар.

МВР работи на расчистување на случајот

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот. Полицијата работи на идентификување и пронаоѓање на сите лица кои биле вклучени во кражбата.

ОЗНАКИ: Веро Џамбо