Македонија

ОБЈАВЕНИ ИДЕНТИТЕТИТЕ: Ова се членовите на кланот „Беланоца“ кои беа уапсени во големата полициска акција во Драч

Муса Џавит (26) и Сенафи Нуредини (34), кои се поврзуваат со криминалната група „Беланоца“, се уапсени во полициската акција „Фјури“ во Драч.

ОБЈАВЕНИ ИДЕНТИТЕТИТЕ: Ова се членовите на кланот „Беланоца“ кои беа уапсени во големата полициска акција во Драч

Џавит и Нуредини се членовите на кланот „Беланоца“ кои беа уапсени во големата полициска акција во Драч

Муса Џавит (26) и Сенафи Нуредини (34), кои се поврзуваат со криминалната група „Беланоца“, се уапсени во албанскиот град Драч во рамки на меѓународната полициска операција „Фјури“.

Заедно со нив бил приведен и Џенкиз Рушити (26), кој е осомничен дека им обезбедувал логистичка поддршка, сместување и лажни документи.

Акцијата била резултат на повеќемесечна соработка меѓу албанската полиција, македонското Министерство за внатрешни работи и американската Дипломатска служба за безбедност.

По нив биле распишани меѓународни потерници

Џавит и Нуредини биле барани со потерници на Интерпол поради сомневања за тешки кривични дела и поврзаност со организиран криминал.

Според информациите објавени во медиумите, двајцата се поврзуваат со повеќе случаи што се предмет на истраги во Македонија.

При апсењето биле пронајдени и фалсификувани лични документи, а албанските власти продолжуваат со постапката за утврдување на сите околности околу нивниот престој во Драч.

Се очекува екстрадиција во Македонија

По завршувањето на процедурите пред надлежните институции во Албанија, се очекува да биде поведена постапка за екстрадиција на Џавит и Нуредини во Македонија.

Тие треба да бидат предадени на македонските органи и да се соочат со постапките што се водат против нив.

ОЗНАКИ: Беланоца