Македонија
Дознај прв
СОНЧЕВО И ТОПЛО ВРЕМЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Температурите денеска ќе достигнат до 36 степени
Денеска во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и температури до 36 степени. Во Скопје до 35 степени.

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец, кој долж Повардарието и во источните делови повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се движат од 11 до 21 степен, а максималните од 26 до 36 степени.
Најтопло во југоисточните делови
Највисоки дневни температури до 36 степени се очекуваат во Гевгелиско-Валандовскиот регион и во делови од источна Македонија. Во централните делови температурата ќе достигне до 35 степени, додека во западните и повисоките места ќе биде нешто посвежо, со максимални температури од 26 до 32 степени.
Во Скопје до 35 степени
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од утрински 17 до максимални 35 степени.
