Магазин
Дознај прв
(ВИДЕО) ЉУБОВТА КОН МАКЕДОНИЈА НЕ ПОЗНАВА ГРАНИЦИ: Јапонски оперски пејач запеа песна од Јонче Христовски
Јапонски оперски пејач на македонска софра ја запеа „Ако умрам ил’ загинам“ од Јонче Христовски и ги воодушеви присутните.

Казухиро Котецу – Јапонски оперски пејач
Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу повторно ја покажа својата љубов кон македонската музика. За време на дружење на традиционална македонска софра, тој ја отпеа легендарната песна „Ако умрам ил’ загинам“ од Јонче Христовски, а видеото брзо привлече големо внимание на социјалните мрежи. Котецу веќе подолго време е познат по изведбите на македонски народни и патриотски песни, со кои стекна бројни симпатии кај македонската публика. Тој и претходно ги изведуваше „Македонско девојче“ и други познати македонски песни, истакнувајќи дека е голем љубител на македонската култура и музика.

