Десингерица беше приведен во Сутоморе, Црна Гора
Како што подоцна беше потврдено во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, Десингерица беше казнет со 200 евра, бидејќи немал лични документи со себе.
Покрај него, санкционирани се уште двајца државјани на Србија, исто така за кршење на Законот за странци.
При контролата во клубот, биле затекнати и 11 малолетници кои консумирале алкохол, поради што ресторанот каде што настапувала Десингерица бил казнет со 11.200 евра.
Црногорската полиција имаа порака и за родителите на малолетници кои беа на настапот на Депсиќ.
„Имајќи го предвид сето погоре наведено, како и однесувањето на естрадниот уметник Драгомир Деспиќ Десингерица на настапите, ја користиме можноста да ги поканиме родителите и здруженијата на родители да поднесат пријава до полицијата доколку имаат информации дека Деспиќ се однесувал несоодветно кон нивните малолетни деца за време на неговите настапи во клубови и угостителски објекти“, наведуваат на крајот од соопштението.


