Македонија

ОБИДЕНЕТИТЕ НАЦИИ ОСТАНУВААТ ПАРТНЕР НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА: Ќе се дигитализира правосудниот систем

Обединетите нации ќе продолжат да го поддржуваат Министерството за правда во модернизацијата, дигитализацијата и зајакнувањето на сајбер-безбедноста во правосудството.

ОБИДЕНЕТИТЕ НАЦИИ ОСТАНУВААТ ПАРТНЕР НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА: Ќе се дигитализира правосудниот систем

Дигитализација за побрзи услуги

Обединетите нации остануваат партнер на Министерството за правда во процесот на дигитална трансформација на правосудниот систем. Министерот за правда Јетон Шасивари се сретнал со постојаната координаторка на ОН во земјава, Рита Колумбија, и со Марко Вујачиќ од Канцеларијата на UNOPS. На средбата биле разгледани приоритетите во реформата на правосудството и следните чекори за модернизација на системот. Посебно внимание било посветено на експертската поддршка од ОН, развојот на институционалните капацитети и дигитализацијата на правосудството. Целта е граѓаните да добиваат побрзи, поквалитетни и подостапни услуги.

Надградба на АКМИС и електронска достава

Во рамки на идната соработка е предвидена надградба на системот АКМИС и воспоставување електронска достава во судските постапки. Планирано е и подобрување на системот за аудио и видеоснимање на судските рочишта. Активностите ќе бидат насочени и кон подобра размена на податоци меѓу институциите и зајакнување на сајбер-безбедноста во правосудниот сектор. Искуствата на UNOPS од земјите во регионот треба да послужат како основа за спроведување на реформите и во Македонија. Од Министерството посочуваат дека партнерството со ОН е важно и за усогласување на домашните практики со европските и меѓународните стандарди.