Регион
Дознај прв
ТУРИСТИЧКИ БУМ ВО ЦРНА ГОРА: За еден викенд влегле повеќе луѓе отколку што земјата има жители
За три дена на границите во Црна Гора биле регистрирани 632.766 патници, повеќе од вкупниот број жители на земјата.

Регистрирани над 632.000 патници за три дена
Исклучително интензивен меѓународен патнички сообраќај бил регистриран на граничните премини во Црна Гора во текот на изминатиот викенд. Од 31 јули до 2 август низ граничните премини поминале 632.766 патници и 146.147 моторни возила. Тоа значи дека за само три дена во земјата биле регистрирани повеќе патници отколку што Црна Гора има жители. Според конечните резултати од пописот во 2023 година, во државата живеат 623.633 лица.
Најголема фреквенција на Добраково и Дебели Бријег
Најмногу преминувања биле забележани на граничниот премин Добраково, каде биле регистрирани 80.694 патници, а на Дебели Бријег 78.800. Голем сообраќај имало и на Сукобин–Муриќани, Драченовац и Божај. Дополнително, 35.823 преминувања биле евидентирани на аеродромот во Подгорица, 32.532 на аеродромот во Тиват и 31.064 на пристаништето во Котор. Податоците го потврдуваат огромниот туристички и транзитен притисок врз Црна Гора во екот на летната сезона.
