Хроника

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА ВО СКОПЈЕ: Меѓу нив и малолетно девојче

Во судир меѓу автомобил и мотоцикл во Скопје се повредени четири лица. Мотоциклистот и сопатникот се здобиле со тешки повреди.

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА ВО СКОПЈЕ: Меѓу нив и малолетно девојче

Се судриле автомобил и мотоцикл

Четири лица, меѓу кои и малолетно девојче, се повредени во сообраќајна несреќа што вчера се случила на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје. Во несреќата учествувале автомобил „цитроен“, управуван од 29-годишна скопјанка, и мотоцикл „хонда“, управуван од 24-годишен жител на Скопје. Случајот бил пријавен во СВР Скопје околу 13:30 часот.

Мотоциклистот и сопатникот тешко повредени

Со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и неговиот 23-годишен сопатник. Возачката на автомобилот и малолетната сопатничка се здобиле со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.