Македонија

МАКЕДОНСКАТА КИНЕМАТОГРАФИЈА ВО ПОЛН ЕК: Три филма се снимаат летово, четврти стартува на 25 август

Мравки“, „Голиот рид“ и „Ајал“ се снимаат летово во Македонија, а на 25 август започнува и снимањето на „Трета смена“. Сите проекти се поддржани од Агенцијата за филм.

МАКЕДОНСКАТА КИНЕМАТОГРАФИЈА ВО ПОЛН ЕК: Три филма се снимаат летово, четврти стартува на 25 август

Се снима во Скопје, Дебар, Тетово и на Шар Планина

Македонската кинематографија ова лето бележи интензивен продукциски период, со три долгометражни играни филмови кои веќе се снимаат и уште еден чија прва клапа е закажана за крајот на август. Станува збор за „Мравки“ на режисерот Марјан Гавриловски, „Голиот рид“ на Игор Алексов и „Ајал“ на Арбен Тачи. „Мравки“ е црна комедија со елементи на трилер, а во актерската екипа се Сенко Велинов, Никола Кузелов, Сашко Коцев, Владо Јовановски, Тања Кочовска, Драган Спасов-Дац и други. „Голиот рид“ е трилер-драма со елементи на хорор и фантазија и се снима во Скопје и околината.

На 25 август почнува и „Трета смена“

Филмот „Ајал“ е современа драмска приказна поврзана со семејството, корените, традицијата и моралните избори, а значаен дел од снимањето се одвива во Тетово и на Шар Планина. Во него играат Арсим Фазлија, Адем Карага, Илир Винца, Осман Амети и други актери од Македонија и регионот. Продукцискиот бран продолжува на 25 август со почетокот на снимањето на „Трета смена“ во режија на Ана Опачиќ. Сите четири проекти се поддржани од Агенцијата за филм, од каде оценуваат дека реализацијата на четири долгометражни филмови во едно лето е силен показател за активноста на домашната кинематографија.