Спорт
Дознај прв
ШКЕНДИЈА ПИШУВА ИСТОРИЈА: Тетовци вечерва го играат 75. европски натпревар, рекорд во Македонија
Шкендија вечерва против Хиберниан го игра 75. европски натпревар и станува македонски рекордер по европски настапи.

Јубилеен европски меч за Шкендија
Шкендија вечерва од 20 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека Хиберниан во реваншот од третото квалификациско коло во Конференциската лига. Тетовскиот клуб на првиот натпревар во Шкотска загуби со 2:1, па за пласман во плеј-офот ќе му биде потребна победа. Вечерашниот дуел има и историско значење, бидејќи за Шкендија ќе биде јубилеен 75. европски натпревар. Со тоа тетовци го преземаат рекордот од Вардар, кој досега имаше 74 европски настапи. Шкендија воедно е и македонски рекордер по бројот на европски победи, со досега 27 триумфи.
Четврти плеј-оф во Европа
Покрај рекордот, Шкендија вечерва ќе се обиде по четврти пат да стигне до плеј-оф фазата во европските купови. Досега трипати играла плеј-оф во Лигата на Европа, а ова ќе биде првпат да стигне до оваа фаза во Конференциската лига. Доколку го елиминира Хиберниан, во следната рунда ќе игра против подобриот од двомечот меѓу Гетеборг и Гент. Шкендија е и единствениот македонски клуб кој досега успеал да ја мине групната, односно лигашката фаза во европско натпреварување и да обезбеди европска пролет. Тоа се случи минатата сезона, кога тетовци играа во нокаут-фазата против турски Самсунспор.
