Спорт

НЕКОЛКУ СТОТИЦИ ШКОТСКИ НАВИВАЧИ ДОАЃААТ ВО СКОПЈЕ: Хибернијан ќе има сериозна поддршка против Шкендија

НЕКОЛКУ СТОТИЦИ ШКОТСКИ НАВИВАЧИ ДОАЃААТ ВО СКОПЈЕ: Хибернијан ќе има сериозна поддршка против Шкендија

Неколку стотици шкотски навивачи се очекува да пристигнат во Скопје за реваншот меѓу Шкендија и Хибернијан, кој ќе се игра во четврток од 20 часот. На гостинските навивачи од Шкотска им се дадени околу 1.600 билети, но засега нема потврда дека токму толкав број навивачи ќе пристигнат во главниот град.

Фејсбук-страницата „Shkupi“ објави информација дека во Скопје доаѓаат дури 1.600 гостински навивачи, но за ваквата информација сѐ уште нема официјална потврда. Сепак тие велат ДА НЕ ДОЗВОЛАТ гостите да бидат погласни на трибините. „Да не дозволиме гостинските навивачи да нè надвикаат на нашиот терен“, порачаа од Фејсбук страниците кои даваат поддршка за Шкендија. Со оглед на бројот на распределени билети, Хибернијан во Скопје може да очекува сериозна поддршка од своите навивачи.

Реваншот меѓу Шкендија и Хибернијан ќе се игра во четврток, 13 август, со почеток во 20 часот на арената „Тоше Проески“ во Скопје.