Скопје

(ВИДЕО) ПЕТ КОНТЕЈНЕРИ ИЗГОРЕА, ВОЗИЛА ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ СПАСЕНИ: Пожарникарите спречија катастрофа во Аеродром

(ВИДЕО) ПЕТ КОНТЕЈНЕРИ ИЗГОРЕА, ВОЗИЛА ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ СПАСЕНИ: Пожарникарите спречија катастрофа во Аеродром

Денеска околу 15 часот за малку била избегната поголема катастрофа во Аеродром, откако избувнал пожар кај контејнери поставени непосредно до паркирани возила. Благодарение на брзата реакција на пожарникарите и навременото алармирање од сосед, пламенот бил локализиран пред да ги зафати автомобилите. Сепак, еден автомобил претрпел материјална штета, со истопена пластика, оштетен ретровизор и испукана боја од едната страна.

Во пожарот целосно изгореле пет контејнери. Жителите велат дека ова е втор ваков пожар на истото место за само една година, откако минатиот пат целосно изгореле две возила. Тие алармираат дека околу контејнерите често се натрупува сува трева, гранки, кабаст отпад и друг запалив материјал и бараат итно решение од надлежните.

Видео извор: Општина Аеродром – Граѓанска патрола