Македонија
Дознај прв
ПОЖАРОТ ДОЈДЕ ДО КУЌИТЕ: Огнена линија долга неколку километри во битолско Лозани

Голем пожар беснее кај селото Лозани, битолско, а огнот стигнал и до непосредна близина на куќите. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, објави видео од местото и порача дека опасноста сè уште трае.
Според него, благодарение на пожарникарите од Битола и локалното население била спречена голема катастрофа. Ангелов посочи дека куќите се наоѓале веднаш зад местото каде што пожарот бил активен.
Линијата на пожарот е долга неколку километри, поради што се активираат тимови за брз одговор. На пат кон селото се упатуваат и четири пинцгаури на Дирекцијата за заштита и спасување.
